РЕПОРТАЖИТЕ НА КАЛИНА ВЕЛЕВСКА СОБРАНИ ВО КНИГАТА „ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА ПЛАНИНАРКА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Дневникот на една планинарка“, збирка репортажи на трагично настраданата Калина Велевска, ќе биде промовирана вечерва во 20 часот, во бифето на Младински културен центар во Скопје.

Објавувањето на книгата се совпаѓа со првата годишнина од трагедијата на планината Кајмакчалан, во која на 10 февруари, под сѐ уште целосно неразјаснети околности, животот го загубија 28-годишната Велевска и нејзиниот пријател Александар Миновски.

Во книгата се собрани текстови што Велевска ги пишуваше за колумната „Дневникот на една планинарка“ на сајтот мис.мк, кои беа своевидни репортажи од планинарските тури во коишто учествуваше.

Во чест на Калина и Александар, планинари викендов посадија над 500 садници на планината Клепа.