ДЕНИ БОЈЛ СОБРАЛ 6.000 СТАТИСТИ ЗА СЦЕНА ОД СВОЈОТ НОВ ФИЛМ ЗА СВЕТ БЕЗ „БИТЛС“

Лондон, (Би-Би-Си)

Оскаровецот Дени Бојл собрал повеќе од 6.000 статисти за сцена од својот нов филм „Вчера“, за кој беше објавен прв трејлер.

Дејството на филмот се случува во свет во којшто не постојат „Битлс“, при што пејачот Џек Малик (Химеш Пател) тврди дека сите хитови на групата се негови.

Бојл организираше отворен кастинг за голема бројка статисти, кои во филмот ја глумат публиката на концертот на Џек Малик на плажа во Норфолк. Тој е опишан како „единствениот човек кој се сеќава на ‘Битлс‘“.

Ед Ширан исто така има мала улога во филмот, за кој сценарио напиша Ричард Кертис. Премиерата е закажана за 28 јуни.