ВО ФИНСКА Е НОРМАЛНО ДЕЦА ДА ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ СО ВЕЛОСИПЕД И НА -17 СТЕПЕНИ

Оулу (МНН)

На вообичаен зимски ден во финскиот град Оулу, паркингот пред локалното училиште е исполнет со велосипеди, иако температурите достигнуваат и до -17 Целзиусови степени. Околу илјада од 1.200 деца секој ден доаѓаат на училиште со велосипед, дури и во зима, а стотина доаѓаат пешки. Учениците се на возраст од седум до 17 години.

Пека Тахкола не е изненаден од оваа глетка. Тој е координатор на велосипедистичките активности во градот и организира часови по зимски велосидизам.

„Ова е нормално за нас овдека. И јас кога бев мал одев на училиште со велисопед или со санки. Овдека е исто и кога е -30 степени“, вели Тахкола.

Возење велосипед е лесно во оваа област, дури и во зима. И мора да биде, имајќи предвид дека Оулу е најчесто покриен со снег од ноември до април. Велосипедските и пешачките патеки добро се одржуваат, па на возачите и не им требаат посебни гуми или опрема кога се движат.

„Овдека не е необична глетка да видите некого како вози велосипед со летни гуми преку цела година. Имаме одлични инфраструтура и зимско одржување, што возењето велосипед го прави брзо, лесно и удобно дури и во зимски услови. Понекогаш побрзо ќе стигнете со велосипед отколку со автомобил“, вели Тахкола, додавајќи дека не сите училишта во оваа област се така прогресивни.