Светот на „Војна на ѕвездите“ наскоро ќе стане најголем тематски парк создаден во Дизниленд.
„Војна на ѕвездите: На работ на галаксијата“ се најавува како авантура низ планетата Бату, кадешто гостите ќе можат да комуницираат со вонземјани, да влезат во пилотска кабина и да се вклучат во борба со боречки вештини.
Паркот ќе зафаќа површина од 5,6 хектари и ќе ги опфаќа случувањата од новата трилогија, така што не очекувајте да се појават Лук Скајвокер или Дарт Вејдер, туку некои други познати ликови, како Реј, Фин и Чубака.
„На работ на галаксијата“ ќе се отвори летово во Дизниленд во Калифорнија.