Пролетта дојде порано во јужна Калифорнија.

По неколку недели силен дожд, огромни пространства на див жолт мак ја прекрија околината на Лејк Елсинор, град југоисточно од Лос Анџелес. Суперцутењето ги претвори ридовите во тепих од златни и портокалови цвеќиња и градоначалникот на Лејк Елсинор, Стив Манос, верува дека ова би можело да привлече голем број туристи.

(Фото: Ројтерс)

„Благодарение на дождовите, 2019 донесе суперцутење какво што не сме виделе со години. Ова би можело да потрае цел месец и да привлече илјадници луѓе“, кажа Манос.

Овој феномен е целосна спротивност на минатогодишните уништувачки шумски пожари, кои принудија илјадници локални жители на евакуација, исто како и неодамнешното невреме.

(Фото: Ројтерс)