Денес во 12 часот во Турскиот театар во Скопје (кој ја користи сцената на Театар Комедија), премиерно ќе се изведе претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа“.
Претставата од уметнички, технички и организационен аспект е реализирана од актерите на Турски театар.
Во претставата играат: Сузан Акбелге, Инес Радончиќ, Жале Османли, Емине Халил, Зиба Радониќ, Осман Али, Един Јакуповиќ, Џенап Самет, Фунда Ибрахим, Ријад Тахир и Неат Али.