ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ВО ГЛАМУРОЗНО ИЗДАНИЕ НА ПРЕМИЕРАТА ВО ЊУЈОРК

Њујорк, (АП)

До враќањето на „Игра на тронови“ остануваат уште десетина дена, па Ејч-Би-О организираше голем собир на ѕвездите од серијата на премиерата во Њујорк. Тоа беше можност да се види како нашите омилени ликови изгледаат без оклоп на себе и без оружје во рацете.

Гвендолин Кристи (Бриен) / Натали Емануел (Мисандеи) (Фото: АП)

Лутите непријатели од серијата заедно прошетаа по црвен тепих, за да ги прослават последните шест епизоди, кои стартуваат на 14 април, но не успеаја да дојдат сите. Лена Хиди (Серсеи Ланистер) пријави дека се разболела, па само ја поздрави екипата преку Инстаграм.

Мејзи Вилијамс (Арја) / Софи Тарнер (Санса) (Фото: АП)

На црвен тепих се појавија и сегашноста и минатото на спротивставените кралски семејства, како сегашните ѕвезди Емилија Кларк, Кит Харингтон и Питер Динклиџ, но и оние кои одамна паднаа во борбата, како Шон Бин, Џејсон Момоа и Педро Паскал.

Николај Костер-Валдау (Џејми Ланистер) / Шон Бин (Нед Старк) / Џејсон Момоа (Кал Дрого) со сопругата (Фото: АП)
Роуз Лесли (Игрит) и Кит Харингтон (Џон Сноу) / Питер Динклиџ (Тирион) со сопругата (Фото: АП)