ШПАНСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКАТА КАКО НАЈАВА ЗА 22. СКОПЈЕ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од денеска до 10 април, во Кинотека ќе се одржува ревија на шпански филмови, во пресрет на официјалниот почеток на 22. Скопје филм фестивал (17-25 април). Фокусот на ревијата насловена „СФФ класик“ е на режисерите Луис Гарсија Берланга, Карлос Саура и Луис Буњуел, а ќе бидат прикажани вкупно 13 играни и документарни филмови.

Ревијата се отвора во 18 часот со документарниот филм „Фламенко Фламенко“ на Саура, а во 20 часот ќе се прикаже „Пласидо“ на Берланга.

Програмата е реализирана во соработка со амбасадата на Кралството Шпанија. Влезницата е 50 денари.