РЕЦИТАЛ НА БАС-БАРИТОНОТ МИЛАН СИЛЈАНОВ ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи рециталот „Вечер на соло песни“ на бас-баритонот Милан Силјанов (Македонија/Швајцарија), кој долги години е активен на европските музички сцени. Силјанов ќе настапи заедно со неговата долгогодишна партнерка, пијанистката Нино Чоконелидзе од Грузија.

Ќе бидат изведени дела од Шуман, Финзи, Равел и од Свиридов.

Силјанов студирал на Високата школа за уметности во Цирих, а се усовршувал во познатата школа за музика и драма „Гилхол“ во Лондон, на отсекот опера, под менторство на проф. Рудолф Пјерне. Моментално е член на ансамблот на Баварската државна опера во Минхен.