По неколку недели навестувања и шпекулации во јавноста, Тејлор Свифт објави нови песна и спот.
Синглот насловен „Јас!“ (Me!), на кој гостува американскиот рок пејач Брендон Јури, е нејзин прв нов материјал од албумот „Репутација“ од 2017 година.
„‘Јас!‘ е песна која зборува за прифаќање на сопствената индивидуалност и за нејзино славење. Бидејќи има поп мелодија што лесно се памети, сакам луѓето да се чувствуваат подобро со тоа што се“, изјави Свифт.
Спотот собра десет милиони прегледи на Јутјуб за два часа, што претставува нов рекорд на оваа платформа.
Сепак, голем број фанови имаа други очекувања од големата објава на Свифт, сметајќи дека таа во изминатиов период навестувала дека ќе се изјасни како бисексуалка.
„Никогаш не сум била погорда на вашето ФБИ ниво на детективски вештини“, додаде Свифт.