ГЕРМАНСКИ ДИЗАЈНЕР ПРАВИ КУЈНСКИ ПРЕДМЕТИ ОД ЈАЈЦА СО ПОМИНАТ РОК

Берлин, (Дезин)

Германскиот дизајнер Басе Штитген прави предмети за во кујна од јајца со поминат рок. Како дел од неговиот проект „Како ги сакаш јајцата?“, тој прави шолји за чај, садови и држачи за јајца, обработени со дамки од скршени лушпи.

„Годишно во просек, 6,4 милијарди кокошки снесуваат 1,1 трилион јајца. Истовремено, една третина од целата храна годишно се фрла и таа вклучува и јајца со краток рок на траење, чија кршлива обвивка не е најсоодветна заштита од преработка и транспорт”, вели дизајнерот.

Тој првин ги собирал јајцата од локалните пекари, а потоа ги кршел и двоел на лушпа, жолчка и белка. Белките ги сушел и од нив правел прав, додека лушпите ги толчел на ситни парчиња. Овие две состојки ги мешал и ги ставал во алуминиумски калап, па ги печел на температура од 200 степени.

(Фото: Дезин)

Топлината и притисокот прават албуминот, што го има во белката, да формира биополимер базиран на проетеини, без какви било додатни пластики.

„Мислам дека освен материјалите што ги користиме, мора да се променат и нашите навики како потрошувачи и нашиот однос кон нив“, вели тој.