Продуцентите на биографскиот филм за Џуди Гарланд објавија трeјлер во кој оскаровката Рене Зелвегер е непрепознатлива во насловната улога. Филмот ќе игра во американските кина од 27 септември.
„Џуди“, во режија на Руперт Гулд, се случува околу 1968 година, кога Гарланд живеела и одржала серија концерти во ноќен клуб во Лондон.
„Повеќе од 40 години, Џуди Гарланд се забавувала и сакала, без оглед на тоа што ѝ подготвил животот и токму поради тоа публиката ја обожаваше. Но, таа плати цена: немаше детство во Холивуд, емоционално се исцрпи и бараше ‘нормален живот’ зад виножитото“, изјави режисерот.
Зелвегер, која играше во мјузиклот „Чикаго“, самата ги пее песните во филмот. Педесетгодишната актерка посетувала часови по музика, учела кореографија и многу читала за Гарланд. Исто така, поминувала два часа на ден во шминкање, при што ѝ местеле перики, контактни леќи и протези.
„Ова беше магично искуство. Беше големо задоволство да се учи за значењето на оваа личност. Отсекогаш ѝ се воодушевував“, изјави Зелвегер.