НАЈУСПЕШНАТА ТУРНЕЈА ВО КАРИЕРАТА НА ДЕЈВИД БОУВИ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНА КАКО КНИГА ОД 3.000 ФУНТИ

Лондон, (Гардијан)

Досега невидени фотографии од Дејвид Боуви ќе бидат објавени во книга, што ќе биде издадена во ограничен број примероци и ќе чини 3.000 фунти.

Станува збор за фотографии снимени од Денис О‘Реган за време на турнејата „Сериозна Месечина“ во 1983 година, што тој ја опишува како „најважна за кариерата и трансформирачка за животот на Боуви“.

На турнејата „Сериозна Месечина“ се снимени околу 20.000 фотографии. – Дејвид Боуви во Сингапур (Фото: Денис О‘Реган)

„Тој беше многу, многу среќен. Можете да видите од сликите колку е релаксиран цело време. Тогаш веќе стануваше суперѕвезда и почна да настапува пред 50-60.000 луѓе. Навистина уживаше да настапува пред толку многу луѓе. Сѐ беше добро за него. Критиките беа неверојатни, албумите беа многу успешни и тој беше многу среќен човек“, вели О‘Реган.

Турнејата „Сериозна Месечина“, што уследи по издавањето на албумот „Ајде да танцуваме“, опфати речиси 110 концерти во 15 земји, од Брисел до Хонг Конг. Тоа беше најдолгата и најуспешна турнеја во неговата кариера, а О‘Реган цело време беше покрај него, и како фотограф и како посветен фан. Тој направи 20.000 фотографии на оваа турнеја.

Книгата ќе биде издадена во мај 2018 година, а колекцијата фотографии што ќе ја содржи е опишана како музејски вредна. Ќе бидат отпечатени само 2.000 примероци и секој ќе тежи 15 килограми.

Ќе бидат отпечатени само 2.000 примероци и секој ќе тежи 15 килограми (Фото: Денис О‘Реган)