ОЧЕКУВАМ ВО ЈУНИ ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Европската комисија даде безусловна препорака Македонија да ги почне преговорите за пристапување кон Европската Унија. Во својот годишен извештај, што беше објавен денеска, Комисијата истакна дека на тој начин би се поддржале реформите во земјата.

  • Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во својот говор во Европскиот парламент кажа дека Македонија покажува значаен напредок во исполнувањето на реформските задачи, што лани ѝ ги постави Советот.
  • Ова е првпат Македонија да не добие дополнителни услови во еден извештај.
  • Претседателот Стево Пендаровски го оцени извештајот за напредокот на Македонија како најдобар досега.
  • Тој очекува Европскиот совет наредниот месец да го одреди датумот на почеток на преговорите.
  • „Секое дополнително одложување ќе биде демотивирачко и поттик за антиевропските политичари“, рече Пендаровски.
  • „Препораката јасно кажува дека се исполнети сите услови поставени во јуни 2018 година за да се добие датум овој јуни“, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при предавањето на извештајот.