Новиот албум на дуото „Скупи“ насловен „Нови македонски звуци“ ќе биде промовиран денеска во 12 часот во ресторанот „Пелистер“. Дуото е составено од виолинистот Ермаљ Мехмети и флејтистката Јета Старова-Мехмети.

„Ова е трет албум на ‘Скупи’ и на него има осум познати македонски песни и ора, во аранжман за флејта и виолина. Тие добија нов современ звук од самиот Ермаљ Мехмети, како ‘Сношти сакав да ти дојдам’, ‘Море сокол пие’ и ‘Касапско оро‘“, велат од „Баги комуникации“.