Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) концерт ќе одржи реномираниот пијанист, композитор и професор Дино Имери.
Концертот е насловен „Музички медитации – омаж на учителот и неговите ученици“, а ќе бидат изведени композиции инспирирани од изложените дела на Владимир Георгиевски, Никола Пијанманов, Наташа Милованчев, Наташа Божарова, Марија Панчевска Маринчиќ, Ана Андроска и Марина Убавкова.
Рециталот е на последниот ден од изложбата „Учителот и неговите ученици“, која беше посветена на уметникот Владимир Георгиевски, кој почина во 2017.
Влезот е слободен.