БРИТАНЕЦ ПРАВИ МОЗАИЦИ ОД ОТПУШОЦИ ЗА ДА ЈА ПОДИГНЕ СВЕСТА ЗА ЗДРАВЈЕТО

Лондон, (Би-Би-Си)
Retired pharmacist Negweny El Assal, 69, creates artwork from cigarette butts he collects from the streets of Blackpool. His main aim is to keep the streets of Blackpool clear of rubbish, pictured at his home in Blackpool in Lancashire, June 2 2019. See SWNS story SWLEbutts.

Уметност направена од отпушоци од цигари доби дозвола да се изложи во нова галерија, за да го потенцира проблемот со загадување и да ги поттикне луѓето да се откажат од пушење. Пензионираниот фармацевт Негвени Ел Асал собрал над 120.000 отпушоци од цигари од улиците на Блекпул и од нив создал мозаици.

(Фото: Би-Би-Си)

Тој вели дека луѓето преку неговата уметност ќе можат да научат од што се направени цигарите. Меѓу неговите мозаици има череп направен од 7.500 отпушоци, како и слики од пирамиди, изгрејсонце и од магаре. За да не му се разместуваат, тој ги лепел со паста за заби, а плус, така се губела и миризбата.

Ел Асал направи и знак за забрана на пушење од стари хартиени ролни и филтри за да ги спореди искористените и неискористените филтри и да го покаже влијанието на цигарите.

(Фото: Би-Би-Си)

Ел Асал вели дека собира отпушоци уште како дете, кога им помагал на деца бездомници во Египет, кои тргувале со цигари во замена за храна и сместување. Кога се преселил во Блекпул, забележал дека ги има многу по улиците и од општината добил помош во вид на опрема за собирање. Тој вели дека знае за опасните материјали кои ги има во цигарите и затоа не сака да стигнат до галебите на приморскиот град.