Зоо негувателите низ скопската Зоолошка градина ќе се движат со електрични мотори. Купени се два мотора на струја, со кои, како што велат од градината, ќе им се олесни движење на вработените.
„Електричните мотори ќе ги олеснат работата и движењето на зоо негувателите низ градината. Во иднина, ќе добиеме и електрични тротинети, а се планира целиот возен парк во Скопје Зоо да се обнови со возила на струја, со цел да ја зачуваме животната средина и да ги мотивираме и другите во борба против загадувањето“, вели директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски.
Во Зоолошката градината деновиве се подготвуваат за дочекот на шимпанзото Коко, кој после 10 години лекување од депресија в четврток ќе се врати во Скопје. Со Коко од Амстердам ќе стигнат уште три шимпанза, две женски и едно машко. За нив, во Зоолошката е изградено комплетно ново живеалиште.
А. АНТЕВСКА