ОПЕРА КАКО САНТА – КИНЕСКИТЕ ГРАДОВИ ВО ТРКА КОЈ ЌЕ ИЗГРАДИ ПОУРБАН КУЛТУРЕН ЦЕНТАР

Хонг Конг, (Дезин)

Во кинескиот град Хангжоу неодамна се отвори новата опера, бела волуменозна зграда која наликува на санта во езеро. Објектот е израден во близина на езерото Вест. Оперската куќа, дизајн на студиото на Хенинг Ларсен, има две сали, од 1.400 и од 500 седишта, како и изложбен центар.

Фото: Дезин

Белата фасада има геометриски прозорци дизајнирани да креираат шема како испукан мраз на замрзнато езеро. Изгледот на санта го дополнуваат и острите бели врвови. Едната страна од операта може да се отвори кон плоштадот и да го трансформира просторот во отворена сцена со капацитет до 10.000 луѓе.

„Меѓу кинеските градови има натпревар во создавање на нови дестинации, кој ќе создаде полегендарен градски симбол. Кога ги создаваме културните објекти, наша најважна задача е да создадеме вистински урбани и живи центри, каде постојано ќе можат да доаѓаат луѓе, без разлика дали платиле билет или сакаат да се прошетаат“, изјави Клод Годефрој од студиото на Ларсен во Хонг Конг.