Пијанистот, вокал и композитор кој живее во САД, Дуке Бојаџиев вечерва ќе има концерт на Охридско лето, од 22 часот на сцената „Долни Сарај“.
Со него ќе настапат и долгогодишните соработници и чести гости на концертите: Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас, Костас Анастасиадис на тапани, како и Наташа Петровиќ, вокал и нарација.
Бојаџиев веќе 18 години живее и работи во Њујорк. Има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ Беркли во Бостон. Низ неговата меѓународна кариера Дуке има креирано музика за многу филмови и соработувано со добитниците на Оскар Џонатан Деми и Данис Тановиќ, со артисти како Синди Лопер, настапувал на светски сцени како Карнеги хол во Њујорк, Авалон театар во Лос Анџелес.
Д. ЧУБРИЌ