„ЗЕЛЕНАТА БОЖИЦА“ НА ЕЛИЗАБЕТ ТЕЈЛОР СЕ ПРОДАДЕ ЗА ПОЛА МИЛИОН ДОЛАРИ НА АУКЦИЈА

Њујорк, (ДПА)

Зелениот „ролс-ројс“ на холивудската дива Елизабет Тејлор (1932-2011) се продаде за 520 илјади долари на аукција во Њујорк.

Автомобилот познат како „Зелена божица“ го купи анонимен наддавач, соопшти аукциската куќа „Гернис“.

Аукциската куќа првично проценила дека автомобилот, кој бил обоен во омилената на Тејлор, со кој се појавувала на снимањето на филмот „Клеопатра“ во Рим, ќе се продаде за четири пати повеќе.

Тејлор го добила „ролс-ројсот“ во 1960 од тогашниот сопруг Еди Фишер, и го имала 20 години, кога бил купен од колекционерто Карл Кардел.

„Иако го имала толку време, не верувам дека некогаш го возела. Не вЕрувам дека Елизабет некогаш имала возачка дозвола“, изјавил Кардел за „Њујорк тајмс“.