Квартетот саксофони „Бенсман“ вечерва во 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Св.Софија“ на 59. Охридско лето.
Ќе настапат Детлеф Бенсман – сопран саксофон, Тианхонг Ву – алт саксофон, Лиу Паи – тенор саксофон и Нинослав Димов – баритон саксофон.
Квартетот „Бенсман“ се појави во 2006,а до денес имаат настапувано на концерти и фестивали низ Германија, како и на на три концертни турнеи во САД и во Кина.