„Хармони ОС“ е новиот оперативен систем кој го претстави кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи“, на кој, по санкциите од САД му се заканува забрана за пристап до оперативниот систем „Андроид“. Системот го претстави извршниот директор на компанијата Ричард Ји, додавајќи оти со новиот систем „сакаат да придонесат за поголема хармонија во светот“.

„Хуавеи“ е на второ место во светот по производство на смарт телефони. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во мај го стави „Хуавеи“, светски лидер во 5-Г технологија на црна листа. Трамп им забрани на американските компании да продаваат опрема на странски компании кои можат да бидат закана по националната безбедност.

„’Хармони Ос’ е сосема различен од ‘Андроид’ и ‘iOS’“, рече директорот додавајќи оти „Хуавеи“ моќе да почне да го користи системот во секо време, но засега сѐ уште му даваат предност на „Андроид“.

„Ќе се префрлиме на ‘Хармони’ во оној момент кога нема да смееме да го користиме ‘Андроид’“, кажа Ји.