Светски познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти вечерва ќе одржи концерт во Скопје, од 20 часот во „А1 арената Борис Трајковски“. Неговиот прв настап во Македонија е дел од светската турнеја „Животот е таму“, именувана по неговиот нов албум.
Италијанската ѕвезда доаѓа со комплетно своја продукција (звук, светло и видео), a покрај новите песни, ќе ги изведе и најголемите хитови.
Педесет и петгодишниот пејач и текстописец има издадено 17 албуми на италијански јазик и 13 на шпански јазик, продадени во повеќе од 50 милиони примероци.
Концертот го организира „Авалон продукција“.