БАШ СИ ЗГОДЕН – УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ЗАПОЗНА СО ТОМ КРУЗ

Киев, (АП)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се воодушевил од холивудскиот актер Том Круз, кој дојде во Украина во потрага по локации за снимање на неговиот следен филм.

Зеленски, кој пред да стане претседател беше комичар, го прими Круз во својата резиденција, соопштија од неговиот кабинет.

„Баш си згоден“, му рекол Зеленски на Круз, кој само се насмеал и му рекол: „Се исплати“.

Зеленски се пошегува дека претседателската функција е исцрпувачка, но никаде не го спомна Доналд Трамп, кој се соочува со импичмент поради скандалот со Украина.