Петнаесетгодишниот македонски пијанист Арда Мустафаоглу го освои третото место во неговата категорија (12 -15 години) на третиот интернационален пијано натпревар “Триумф де л’арт“, што се одржа во Големата сала на Кралскиот конзерваториум во Брисел, Белгија.
На натпреварот, што се одржа од 6 до 11 ноември, учествуваа 40 пијанисти од 15 држави: Белгија, САД, Холандија, Франција, Јапонија, Грција, Хрватска, Шпанија, Италија, Македонија, Русија, Аустралија, Кина, Србија и од Чешка.
Мустафаоглу годинава учествуваше и освои први места на пијано натпревари во Србија, Италија, Бугарија и во Турција.