РЕНОВИРАНИОТ МУЗЕЈ МОМА ВО ЊУЈОРК СЕ ОТВОРА НА 21 ОКТОМВРИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Њујорк, (Дезин)

Архитектонската фирма „Дилер Скофидио + Генслер“ заврши со реновирањето и проширувањето на Музејот на модерна уметност МоМА во Њујорк.

МоМА сега доби изложбен простор од 3.700 квадратни метри, што е проширување за една третина во однос на досега. Доби и нови галерии на приземјето, како и лоби и книжарница.

Музејот се затвори во јуни, а ќе се отвори на 21 октомври. Реновирањето чинеше 400 милиони долари.