ПРОДУЦЕНТОТ НА „МОНТИ ПАЈТОН“ СТИВ АБОТ ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА СИНЕДЕЈС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Стив Абот, долгогодишниот продуцент и менаџер на „Монти Пајтон“, синоќа ја прими наградата за животно дело од фестивалот на европски филм Синедејс, што му ја врачи британската амбасадорка во Македонија, Рејчел Галовеј.

Абот беше специјален гостин на фестивалот во рамките на одбележувањето на јубилејот 50 години на легендарната британска хумористична група, со која соработувал од 1979 до 1997. По тој повод, беа прикажани и петте долгометражни филмови што ги имаат снимено членовите на групата, а Абот одржа и мастерклас.

„Многу сум горд на мојата работа со ‘Монти Пајтон‘, иако јас бев мал дел од тоа. Во 21 . век тие се порелевантни од кога било. Јас не учествував во нивната креативна работа, но помогнав нивното наследство да се одржи, заштити и продолжи“, кажа Абот.