ПАПАТА ФРАЊО ДОБИ „ЛАМБОРГИНИ“ НА ПОДАРОК, ПА ГО ДАДЕ НА АУКЦИЈА

Рим, (Си-Ен-Ен)
Pope Francis writes on the bonnet of a Lamborghini donated to him by the luxury sports car maker, at the Vatican, Wednesday, Nov. 15, 2017. The car will be auctioned off by Sotheby's, with the proceeds going to charities including one aimed at helping rebuild Christian communities in Iraq that were devastated by the Islamic State group. (L'Osservatore Romano/Pool Photo via AP)

Папата Фрањо доби значително унапредување на својот папамобил – персонализирано бело „ламборгини хуракан“, вредно 180.000 долари.

Тој го доби овој суперавтомобил како подарок од италијанската компанија, но место да седне зад воланот, тој го благослови возилото и се потпиша на хаубата, што, несомнено, ќе ја зголеми неговата вредност.

Папата потоа го донираше возилото на аукциската куќа „Сотбис“, која по продажбата, ќе ги донира парите на добротворни организации, кои им помагаат на жртвите на трговија со луѓе, прогонетите христијани во Ирак и на децата од Африка.

Возилото, кое постигнува брзина од 360 км/час, е исцртано со златно-бели линии, што е во духот на традицијата на католичката црква.

Ова не е првпат папата да добие на подарок луксузно возило. Во 2014 година, тој доби мотоцикл „харли дејвидсон“, што, исто така, беше продаден на аукција.