Сагата за викинзите ќе продолжи на „Нетфликс“.
Стриминг гигантот нарача нова серија насловена „Валхала“, која ќе биде своевидно продолжение на „Викинзи“, откако таа ќе заврши со шестата сезона на „Хистори“. И новата серија ќе ја прави авторот на „Викинзи“ Мајкл Хрст, кој за почеток треба да напише 24 епизоди.
„Викинзи: Валхала“ ќе почне 100 години по завршувањето на дејството во оригиналната серија и ќе ги следи авантурите на некои од најславните викинзи во историјата, како Леиф Ериксон, Фрејдис, Харалд Харада и кралот Вилијам Освојувачот, кој исто така имал викиншко потекло. Овие храбри мажи и жени ќе стапнат на нови територии додека се борат за опстанок на континентот кој постојано се менува и развива.
Шестата и последна сезона на „Викинзи“ стартува на 4 декември и таа повторно ќе има 20 епизоди.