По пауза од десет години, својот прв настап во живо вечерва ќе го има групата „Проект Жлуст“, една од поуникатните појави на македонската музичка сцена.
Во мултимедијалниот простор „Котур кафе и филм“ во Скопје (21:30 часот) ќе можат да се слушнат композиции на Џијан Емин и Иван Бејков, кои се спој на џез и на македонскиот и балканскиот фолклор.
Покрај Бејков (контрабас/бас гитара) и Емин (клавијатури), во групата се и Виктор Филиповски на тапани, Ратко Даутовски на перкусии и Иван Иванов на саксофон/кларинет, а специјален гостин ќе биде францускиот виолист Оливје Самуијан, кој беше дел од оригиналната постава.
Влезниците чинат 150 денари.