„ХАРДФЕЈСД“ ВО МКЦ ГО ПРОМОВИРА СВОЈОТ ЧЕТВРТИ АЛБУМ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Хардфејсд“, еден од најпопуларните и најангажирани бендови на македонската хард кор/метал сцена, вечерва ќе го промовира своето четврто студиско издание, насловено „Бессона дремка на брегот на младоста“ (Dreamless Slumber At The Shores Of Youth). Албумот излегува под етикетата на „Дајхард рекордс“.

Промоцијата ќе се одржи во „Ап(о)тека“ во Младински културен центар во Скопје, со почеток во 20 часот, кога албумот првпат ќе може да се слушне во целост. И овој настан е дел од ПИН музичката конференција, која е увертира во 21. Таксират.

Предводен од фронтменот Димитар Савески, охридскиот бенд е основан во 2004 година и првиот албум го објави три години подоцна. Последното студиско издание „Dying Lake“ му излезе во 2014 година.