Албумот на пијанистот виртуоз Симон Трпчески, „Сказни од Русија“, доби максимални пет ѕвездички од престижното британско списание „Би-Би-Си мјузик магазин“. Самостојниот албум на Трпчески е издаден под британската етикета „Оникс“.
„Трпчески ги позлатува ‘Приказните‘ на Прокофјев со совршено проценет тон, придружен од снимка која е истополна и прекрасна, како и изведбата на ваков врвен пијанист“, пишува критичарот Дејвид Најс во текстот насловен „Трпчески обојува магична слика“, издвоен како „инструментален избор на уредникот“.
Од Здружението за култура и уметност КултурОп велат дека по декемвриските настапи во Франкфурт и Виена (во прочуената сала „Музикферајн“), првите три концерти во 2020 го водат Трпчески во САД, со Симфонискиот оркестар на Њу Џерси и славната диригентка Шијан Жанг.