Градските власти на Њујорк сакаат да ја легализираат употребата на дронови при градежни инспекции, откако минатиот месец една архитектка загина по пад од објект во изградба во Менхетн.
Засега не е дозволено дронови да летаат во поголемиот дел од градот, но властите се надеваат дека со помош на оваа технологија побрзо ќе се контролираат објектите и ќе се подобри безбедноста на граѓаните.
„Смртта на Ерика Тишман ни кажува дека мора да користиме технологија за поголема контрола на безбедноста на објектите. Дронот не е играчка, туку орудие за работа. Овие направи ќе заштедат милиони долари и време, а, што е најважно, можат да спасат и животи“, рече градскиот советник Ерик Адамс.