ВТОРИОТ НАЈГОЛЕМ ДИЈАМАНТ НА СВЕТОТ ИЗЛОЖЕН ВО ПАРИЗ

Париз, (Гардијан)

„Луј Витон“ го изложи во Париз вториот најголем необработен дијамант на светот, чиј сопственик стана минатата недела.

Наречен Севело, што на јазикот сетсевана значи „редок пронајдок“, тој има 1.758 карати, црна боја и големина на тениско топче.

Дијамантот беше пронајден во африканската држава Боцвана минатата година и откако ќе биде исечен, од него ќе се направи колекција на фин накит.

Компанијата, која досега беше позната главно по скапи чанти, не објави колку плати за каменот.