Арктичкиот сеф на семиња на земјоделски сорти стигна до бројката од еден милион примероци, кои се складирани во длабоко замрзнување.
Подземниот објект сместен во норвешкиот архипелаг Свалбард беше отворен во 2008 година и чинеше девет милиони евра, но глобалното затоплување придонесе за забрзано топење на мразот во кој беше обложен. Од таа причина, норвешката влада вложи 20 милиони евра во негова обнова и официјални лица велат дека тој сега е обезбеден за иднината и апсолутно водоотпорен.
За последното дополнување на сефот придонесоа 36 држави, меѓу кои и Израел, Перу, Монголија, Мјанмар и Нов Зеланд, а една сорта оставија и Чероки индијанците од САД.
Сефот во Свалбард сега содржи 1.050.000 примероци, што е една петина од вкупниот број сорти на светот, чија бројка се проценува на 2,4 милиони. Во сефот сѐ уште има доволно место за нови сорти.