Во периодот на изолација поради ширењето на коронавирусот, издавачкиот центар „Три“ ја стави во функција својата специјализирана апликација за читање електронски книги Книга.мк, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Книга.мк е мобилна апликација достапна за ИОС и Андроид корисници која овозможува пристап до голема база на електронски книги, изданија на ‘Три’ и ‘Паблишер’. Во промотивниот период се издвоени 20 бесплатни ексклузивни изданија од нашата продукција, меѓу кои Венко Андоновски, Винка Саздова, Коста Петров и Ана Јовковска“, вели издавачот.
Книги од преводни изданија ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат апликацијата Книга.мк од App Store и Google Play.