Во времето кога производството на автомобили е запрено во речиси цел свет, автокомпании позитивно одговорија на повиците од влади и ќе почнат да произведуваат респиратори и заштитни маски, со цел да ја помогнат борбата против коронавирусот.
„Фиат“ вчера објави дека ќе пренамени една своја фабрика во Кина за да произведува околу еден милион маски месечно.
„Производството треба да почне во наредните недели“, изјави извршниот шеф на компанијата Мајк Менли.
„Џенерал моторс“, „Форд“ и „Тесла“ ветија дека ќе помогнат да се обезбедат респиратори за американски болници, а „Нисан“ и Формула 1 тимови ќе го направат истото во Велика Британија.
„‘Форд‘, ‘Џенерал моторс‘ и ‘Тесла‘ додоа зелено светло за производство на респиратори и други метални производи. Да видиме колку сте добри“, кажа американскиот претседател Доналд Трамп.
Илон Маск, газдата на „Тесла“, објави дека купил 1.255 респиратори од Кина.
„Тие се стигнати во Лос Анџелес и ако на некој му треба, слободно нека ни јави“, напиша тој на Твитер.