ДРЕЈК ПО ДВЕ ГОДИНИ ПРВПАТ ГО ПОКАЖА СИНОТ ОТКАКО ДОКАЖА ДЕКА Е НЕГОВ

Торонто, (Си-Ен-Ен)

Најголемата канадска музичка ѕвезда Дрејк првпат го покажа синот Адонис Грем, повеќе од две години од неговото раѓање.

Триесет и тригодишниот Дрејк објави серија фотографии со синот и со неговата мајка Софи Брисо, која е поранешна порно-актерка. Брисо се породи во октомври 2017 и Дрејк дури во една своја песна од 2018 навести дека станал татко.

Мајката на Адонис е Софи Брисо, која е поранешна порно-актерка (Фото: Инстаграм)

Во декември, Дрејк, чие полно име е Обри Дрејк Грем, откри дека се подложил на две ДНК-тестирања за да потврди дали малиот Адонис е навистина негов син.

„Направив еден тест, но кога дојдоа резултатите ми кажаа дека примерокот бил уништен во превозот, па не се 100 отсто сигурни дали тоа е мој син. Тоа беше непријатна ситуација, зашто сакав да бидам сигурен. Кога ќе го видите, јасно ви е зошто малку се сомневав. Неодамна добив потврда дека тој е навистина мој син“, изјави Дрејк, алудирајќи на сината коса и сините очи на Адонис.