40 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС, НАЈМНОГУ ОД 25 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Македонија се потврдени нови 40 случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од 25 април.

  • Педесет и шестгодишен пациент од Прилеп е 111. жртва на коронавирусот во земјата.
  • Во изминатите 24 часа се направени 549 тестирања и 40 биле со позитивен резултат.
  • Дури 26 од новорегистрираните случаи се во Скопје, па следуваат десет во Тетово и еден во Битола, Велес, Куманово и Прилеп.
  • Вкупната бројка заразени досега изнесува 1.898, од што 409 се активни случаи.
  • Оздравеле 1.378 лица.