Општата забрана за движење за претстојниот продолжен викенд, што се совпаѓа со празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, ќе трае од недела претпладне до вторник наутро, одлучи Владата.
- Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје почина 47-годишен тетовец и тој е 112. жртва на КОВИД-19 во земјата.
- Во изминатите 24 часа се потврдени 23 нови случаи на коронавирус (од 702 тестирања), од кои повеќе од половина се во Скопје (12), па следуваат Куманово и Тетово со по четири, Прилеп со два и еден во Неготино.
- Во Македонија досега има 1.921 заразен со коронавирус, при што има 422 активни случаи.
- Бројката оздравени изнесува 1.387.
- Иако Комисијата за заразни болести претходно предложи 58-часовна забрана за движење овој викенд, Владата донесе одлука таа да почне в недела во 11 часот и да трае до вторник во пет часот.
- За утре ќе важи „редовниот“ полициски час од 19 до пет часот.