„АРС ЛАМИНА“ СО ОНЛАЈН КАМПАЊА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ЧИТАЊЕТО КАЈ ДЕЦАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Под мотото „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ втора година по ред ја организира онлајн кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата. Идејата на акцијата е подигнување на читачката култура кај најмладите.

Во рамките на кампањата, која ќе се одвива преку профилите на „Литература.мк“ на социјалните мрежи, ќе биде организиран фотоконкурс. Учесниците ќе треба да објават фотографија со некоја од книгите за деца од „Арс Ламина“ (достапни во книжарниците на „Литература.мк“ и на www.literatura.mk) и да напишат свое објаснување зошто читањето е супермоќ (означено со хаштазите #ЧитањетоЕсупермоќ, #Либи, #АрсЛамина, #Литературамк).