„ОХРИД КОЛИНГ“ ОДЛОЖЕН ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот „Охрид колинг“, кој требаше да се одржи летово, е одложен за следната година, соопшти „Авалон продукција“.

Оттаму велат дека иако Комисијата за заразни болести дозволи да се одржуваат музички настани на отворено и тоа со намален капацитет, земајќи ги предвид масовноста на публиката и концептот на фестивалот, одлучиле да го одложат.

„Периодов интензивно работевме на тоа истите изведувачи да ги префрлиме за следната година, па така, јубилејното издание на ‘Охрид колинг’ ќе трае три дена и ќе се одржи од 30 јули до 1 август 2021 на истата локација, во касарната во Охрид“, велат организаторите.