11 ГОДИНИ ПО СМРТТА НА НАТАША РИЧАРДСОН, ЛИЈАМ НИСОН СНИМИ ФИЛМ СО НИВНИОТ СИН

Лондон, (Ројтерс)

Единаесет години по смртта на актерката Наташа Ричардсон, нејзиниот сопруг Лијам Нисон и нивниот син, најдоа утеха во нивниот прв заеднички филм, „Произведено во Италија“.

„Кога го читав сценариото, си реков: ‘Ова е многу чудно, како мама да го пишувала, и како да се случува баш сега’“, изјави Михеал Ричардсон.

Филмот ќе излезе утре на повеќе платформи, а приказната е за татко и син кои се обидуваат да реновираат куќа во Тоскана, која ја наследиле од починатата сопруга и мајка. Наташа Ричардсон почина на 45 години во 2009, по несреќа во скијање во Канада.

Сценаристот и режисер Џејмс Д’Арси го напишал сценариото пред да почине Ричардон, и кога му го испратил на Нисон, тој го читал со многу емоции.

„Си помислив дека ќе добијам писмо во кое ќе ми рече: ‘Како се осмелуваш’, но се случи токму спротивното. Го прифати многу интимно и тој предложи во филмот да игра нивниот син, но да биде заштитен“, изјави режисерот.

„Тој е младо момче кој имаше траума пред 10 години. Не сакав повторно да помине низ тоа снимајќи го филмот“, рече актерот.

Филмот е романса, комедија и носи порака за надеж, за која Нисон се надева дека ќе им помогне на луѓето кои се справуваат со стресот во пандемијата на коронавирусот.