Од денеска до 23 септември, во Музејот на современа уметност (МСУ) ќе се одвива мултимедијалниот настан „Во длабоко и танцувајте“ на уметницата Весна Стефановска. Изложбата содржи десетина дела на авторката, меѓу кои инсталации во простор, видеоинсталации, перформанс и „ready made“ содржини, групирани и артикулирани во пет циклуси.
Во сценографија конципирана од самата авторка, „оваа изложба го прегрнува речиси целиот нејзин уметнички опус, ставајќи го акцентот на делата реализирани на почетокот на 2000 и на група нови, досега неприкажани дела“.
Паралелно со поставката во МСУ, Стефановска нуди две инсталации во јавен простор, „Возови рефлексии“ во Старата железничка станица и „Отсуство“ на друга локација во градот.