Фестивалот Златно славејче слави јубилејни 50 години, а поради коронакризата, вообичаеното фестивалско издание е поместено од ноември во овој викенд и ќе се одржи во вид на концерт со најголемите хитови.
Концертот е закажан в сабота на големиот паркинг пред спортскиот центар „Борис Трајковски”, со почеток во 11 часот.
„Се потрудивме да има безбедно другарување според сите услови и протоколи кои ни се на располагање“, велат од Фестивалот.
Билетите се во ограничен број по цена од 150 денари и се продаваат преку mktickets.mk.