ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР ПОЧНА СО ИЗВЕДБА НА ПРЕТСТАВИ ОД РЕДОВЕН РЕПЕРТОАР

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

По осум месеци пауза, Велешкиот театар започна со одигрување на претстави од редовниот репертоар. Првата претстава „Сестрите Прозорови“ се изведе во средата, а синоќешната, 60. изведба на „Синиот портокал” од Џо Пенхол, по драматургија на Катерина Момева и во режија на Александар Ивановски, беше распродадена.

Согласно препораките на Владата под кои услови можат да се одржуваат театарските претстави, со само 30 отсто публика, претставите се играат на сцената во големата сала. За време на претставата задолжително е носење на заштитна маска од страна на гледачите. Велешки театар објави дека до крајот на октомври ќе се одиграат шест претстави со по два настапа. На репертоарот се и „Театар љубов моја“, „Злосторство на 21. век“, „Свадбата“ и „Слуга на двајца господари“.

П. ПЕЧКОВ