„НОВОТО НОРМАЛНО“ – ХРВАТСКИ ДИЗАЈНЕРИ НАПРАВИЈА МАСА ЗА РУЧАЊЕ СО СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА

Загреб, (Дезин)

Хрватското студио „Боир“ дизајнираше концептуална маса, идеална за оброци во време на пандемија на ковид-19. На масата се поставени предмети од челик и камен, кои овозможуваат храната да се дели на безбедно растојание.

Колекцијата е насловена „Новото нормално“. Таа се состои од пет предмети, како чинија за леб поделена со бариера и долги лажици со кои паровите може да се хранат едeн со друг.

„Во дизајнирањето на предметите сакавме да посигнеме рамнотежа помеѓу интимноста и безбедната дистанца, што често се нарекува ново нормално. Нашата маса ја задржува важната културна и социјална димензија на ручањето – делење“, вели основачот на студиото Иван Зидар.