Архитектонската фирма „Снехета“ го претстави дизајнот за Музејот за деца во Ел Пасо, Тексас, чиј покрив изгледа како цртеж на облак.
Музејот зафаќа површина од 6.500 квадратни метри и ќе има и голем број изложбени простори на отворено, за да се искористи сончевото време во градот во Тексас. Таму ќе се постават локални растенија и природни камења за да се долови пустинското окружување на Ел Пасо.
Ентериерот на музејот од три спрата ќе биде исполнет со колоритни и разиграни содржини и креации. Се очекува музејот да биде готов на крајот на 2021.