Со денешната нова рекордна бројка на нови случаи на коронавирус, Македонија ја надмина границата од 20.000 заразени од почетокот на епидемијата.
- Македонија стана 86. земја со повеќе од 20.000 случаи на коронавирус, вкупно 20.163.
- Бројката од 10.000 случаи беше достигната на 26 јули.
- Денешните 386 новозаразени претставуваат нов рекорд, откако вчера имаше 364.
- Скопје повторно има убедливо најмногу нови случаи на зараза – 178, следено од Струмица со 44 и Прилеп со 20.
- Во последните 24 часа починале шест лица од ковид-19, вкупно 781 досега.
- Бројот на активни случаи порасна на 3.373.